08:19 - 16 ноември, 2026

ИСТРАЖУВАЊЕ: Зевањето може да открие дали е некој психопат

Зевање

И покрај постоењето на многу знаци кои можат да покажат дека некој е психопат тешко е да го препознаеме. Психопатите имаат особини како нарцисоидност, патолошко лажење, недостаток на  чувство на вина и емпатија, супериорна самоперцепција, површност..

Според истражувањето од 2015 година објавено во „Personality and Individual Differences“, истражувачите откриле дека постои врска помеѓу психопатите и проѕевањето.

Истражувачите од Универзитетот „Бејлор“ собрале 135 испитаници, ги тестирале со помош на тестот „Инвентар на психопатска личност“, а потоа спровеле експеримент во кој ги изложиле испитаниците на зевање.

(ФОТО+ВИДЕО) БИЗАРНО – ДОКТОРОТ КОЈ СЕ ОПЕРИРАЛ САМ СЕБЕ: Прв во историјата оти немал друг избор на Антарктикот

Кога ќе видите друго лице како зева, дали зевате по неколку секунди? Колку долго издржавте без проѕевање? Првите 5 секунди? Или сè до крајот? Ако и вие се препуштивте на зевање пред крајот на туѓото зевање, супер! Значи не сте психопат.

Што е заклучокот?

Според истражувачите, тоа има директна врска со емпатијата. Еден од знаците дека сте психопат е недостатокот на емпатија кон другите луѓе. Познато е дека емпатијата е еден од клучните психолошки фактори што може да доведе до заразување со зевањето.

Се разбира, ова не е дијагностичка алатка за психопатија, но е интересна врска која покажува како овие особини на личноста влијаат на различните однесувања на неочекувани начини.

ПОМИНАА 39 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГРЕЈС КЕЛИ: Нејзината смрт и денес е голема мистерија

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....