2.8 C
Скопје
16:12 - 20 декември, 2024

8 знаци дека нешто извонредно се случува сега на Земјата

човек земја свет

Светот се менува. Ова се неколку доминанти аспекти во нашето секојдневие кои веќе се подложни на промени кои надежно во иднина ќе имаат добар исход за човештвото.

1. Никој повеќе не може да го поднесе моделот за вработување

Секој доаѓа до своите ограничувања. Луѓето кои работат во големи корпорации не можат да си ја издржат работата. Недостатокот на цел почнува да чука на сечија врата. Луѓето сакаат да избегаат и да остават сè зад себе.

Погледнете колку луѓе сакаат да бидат претприемачи, колку луѓе земаат годишен одмор за да прават работи и проекти што не се поврзани со нивната работа, колку луѓе се депресивни поради својата работа, колку луѓе изгоруваат на работа.

2. Моделот на претприемништво исто така се менува

Пред неколку години со експлозијата на стартап компаниите, илјадници претприемачи се повлекоа во своите гаражи за да ја реализираат својата идеја што ќе им донесе милиони. Успехот беше во финансирањето од некој инвеститор. Да се ​​добијат пари од инвеститори беше како да се освоило Светско првенство.

Брилијантните стартапи на бизниси почнуваат да пропаѓаат поради моделот на трката за пари што никогаш не престанува. Потребен ни е нов модел на претприемништво.

3. Подемот на соработката

Многу луѓе веќе сфатија дека нема смисла да пробуваат нешто самостојно. Каква смисла има вие и илјадници (или милиони) луѓе кои живеат во ист град да си го вртите грбот еден на друг? За среќа, работите се менуваат. Сите движења на економијата за споделување и соработка укажуваат во оваа насока на развој. Подемот на соработката, споделување, помагање, подавање рака, обединување.

4. Конечно почнуваме да разбираме што е „Интернет“

Интернетот е неверојатно спектакуларна работа и дури сега, по многу години, почнуваме да ја осознаваме неговата моќ. Со интернетот, светот се отвора, границите паѓаат, разделбата завршува, заедницата започнува, соработката се шири, помошта излегува на површина.

Интернетот ја ограничува масовната контрола. Нема повеќе телевизија, нема повеќе весници кои ги прикажуваат само вестите што тие сакаат да ги читаме. Можете да следите што сакате, можете да комуницирате со кого сакате. Можете да истражувате што сакате, кога сакате. Со интернетот, стишените луѓе се огласија.

5. Намалување на прекумерната потрошувачка

Долги години сме изманипулирани и стимулирани за манична потрошувачка и купуваме сè што се пласира на пазарот. Како што се намалува потрошувачката почнува да ни се покажува дека сме организирани на најапсурден можен начин. Сè повеќе луѓе користат помалку автомобили, купуваат помалку, сè повеќе луѓе разменуваат облека, донираат, купуваат половни работи, разменуваат стоки, делат автомобили, станови, канцеларии.

6. Здрава и органска исхрана

Бевме толку луди да прифатиме какво било ѓубре како храна. Сепак, некои луѓе се разбудија и го зајакнаа движењето за здрава исхрана и органска потрошувачка и ова ќе биде значајна работа.

Прехранбената индустрија е една од најважните индустрии во светот. Ако свесноста се промени, нашите навики во исхраната исто така ќе се променат, така што потрошувачката ќе се промени и големите корпорации мора да бидат во чекор со овие промени. Малите фармери повторно стануваат посилни, како и луѓето што сами ја одгледуваат храната. Се менува целата економија.

7. Будење на духовноста

Колку од вашите пријатели практикуваат јога или медитација, а колкумина тоа го правеа пред 10 години? Долги години, духовноста беше привилегија на езотерични луѓе кои се сметаа за чудаци поврзани со мистицизам. За среќа и ова се менува. Ги достигнавме границите на нашата рационалност и сфаќаме дека само со нашиот рационален ум не можеме да разбереме сè што се случува.

8. Движење против стандардното образование

Кој го создаде овој образовен модел? Кој ги избра предметите што треба да ги слушате? Кој ги избра лекциите што ги учиме на часовите по историја? Зошто децата ги почитуваат правилата? Зошто се следи сè во тишина?  Создадовме модел кој ги формира следбениците на системот и ги подготвува луѓето да бидат обични човечки суштества. За среќа, има многу луѓе кои работат на промена на строго дидактичкиот образовен систем.

Извор: „Atma“

Слични објави

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо
Се вчитува....