8.8 C
Скопје
17:01 - 19 февруари, 2026

ХРОНО ДИЕТА: Сите предности на старата добра диета

Се сеќавате секако на поговорката „појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателите, а вечерата дај ја на непријателите“. Како тогаш да заборавиме на старата, добра Хроно диета?

Хроно диетата потекнува од 1986 година и се темели на сознанието дека не е секоја храна погодна за секое време од денот.

Хроно диетата е веројатно и најздрава диета од сите за кои досега сме чуле (и сме ги пробале), додека ја држите нема да почувствувате глад, нема да ги загубите прекумерните килограми со „молскавична“ брзина (ама секако ќе ги загубите), но затоа пак и тешко ќе ги вратите.

Нутриционистички одлично е поставена, па не само што може да губите килограми туку сигурно ќе се чувствувате поенергично и поздрави. Освен килограмите, оваа диета го погодува и целулитот кој постепено го намалува.

Првото правило на диетата е да не се исклучуваат ниту протеините ниту јагленохидратите зашто и едните и другите му се неопходни на телото. Сепак, таа вели дека едните и другите не треба да се мешаат во еден оброк, освен за појадок. Поточно, јагленохидратите се дозволени само за појадок.

За појадок може да се конзумираат животински масти и интегрални житарки (интегрален леб). Всушност појадокот според оваа диета треба да биде богат, се е дозволено за појадок освен шеќер и овошје.

Ручекот е протеински, вклучува животински или други протеини во комбинација со зеленчук. А вечерата во Хроно диетата подразбира сиромашна порција, односно таа треба да биде најлесен оброк во денот. Тоа може да биде посно месо со салата или риба на скара со малку зеленчук.

Дозволена е и ужината која треба да биде – едно овошје, малку ореви, неколку маслинки, малку кикиритки, лажичка мед или 30 грама чоколада за готвење.

Јагенохидратите се дозволени само за појадокот, додека за ручекот и вечерата се забранети, а доколку се чувствувате сити Хроно диетата предлага и сосема да ја прескокнете вечерата.

Со еден збор, оваа диета не е ништо поразлична од старата народна поговорка која вели „појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателите, а вечерата дај им ја на непријателите“. Но функционира подобро од било која друга модерна или брза диета без јо-јо ефект.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо
Се вчитува....