-5.2 C
Скопје
04:02 - 25 ноември, 2024

ДАЛИ Е ОПРАВДАНО СКРАТУВАЊЕТО НА КАРАНТИНОТ? Докторите велат НЕ, Омикрон е најзаразен ОВИЕ денови!

Во неколку земји, карантинот, односно изолацијата за луѓе заболени од Омикрон и друга варијанта на коронавирус е намален, но сепак, докторите предупредуваат дека варијантата Омикрон го достигнува својот врв на ширење на петтиот ден.

ПОДМОЛЕН ТРИК СО КОЈ ОМИКРОН СЕ ШИРИ: Како прикриен воин, новиот коронавирус останува скриен во клеточните ѕидови и еве како се шири

Огромната проширеност на варијантата на коронавирусот Омикрон и очигледно помалата сериозност со која вирусот се манифестира кај вакцинираните луѓе, натераа многу земји да ги релаксираат правилата за карантин, односно за изолација.

Дали овие одлуки се основани од научна гледна точка? Краткиот одговор е: веројатно не! Докторите објаснуваат зошто.

Во Обединетото Кралство, периодот на изолација за вакцинирани лица, а позитивни на коронавирус, е скратен на седум дена, (од претходните 10 дена); во САД, карантинот за асимптоматски позитивни е исто така скратен, и покрај спротивното мислење на многу научници, на само пет дена. Во Италија, на пример, периодот на изолација од општествениот живот за заразените е 10 дена за невакцинирани, односно седум дена за вакцинирани.

Ваквите правила се презедоа од чиста економска природа.

Но, еве што велат докторите.

КРИТИЧНИ ДЕНОВИ ОД ТРЕТИОТ ДО ШЕСТИОТ

Лекарите велат дека скратениот карантин, односно изолација, не е од полза. Според дури 79 студии за вирусната дисперзија кај заразените луѓе објавени во списанието Lancet Microbe, врвот на вирусното ширење/пренесување кај луѓето инфицирани со варијантата Омикрон е помеѓу третиот и шестиот ден од изложеноста на вирусот.

Студиите, кои вклучуваат податоци од 5.340 пациенти, го зеле предвид не само вирусното пренесување, туку и способноста на честичките да се размножуваат во телото на домаќинот, и да го шират вирусот, односно нивната заразност.

Врвот на заразност, тврдат студиите, се токму помеѓу третиот и шестиот ден, потоа преносливоста на вирусот продолжува (со помал интензитет) и помеѓу седмиот и деветтиот ден, и конечно целосното исчезнување на вирусот е околу десеттиот ден. Сето ова ја поддржува потребата од 10-дневен карантин.

Според неодамнешната анализа на Универзитетот во Ексетер (Велика Британија), секое трето лице кое се тестирало и било позитивно на Омикрон – најголема заразност покажувало на петтиот ден. Затоа, брзите тестови покажаа дека во многу случаи не можат да го потврдат присуството на вирус, доколку се прават веднаш по инфицирањето, а го покажуваат присуството на вирус најчесто дури на петтиот ден.

НУТРИЦИОНИСТКАТА МАЈА ВЕЛКОВСКА СОВЕТУВА КАКО ПОЛЕСНО ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОМИКРОН И ВИРУСИТЕ: Во текот на пандемијата се претера со несоодветна употреба на лекови и суплементи

 

Слични објави

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Џорџина Родргиез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо
Се вчитува....