2.8 C
Скопје
03:21 - 17 март, 2026

Ако сте биле заразени од корона, а сакате да заработите 5800 евра, јавете се кај Британците, но пред да ви платат…

ковид вакцина истражување

Научниците од Оксворд наскоро започнуваат значајен експеримент, а со цел дефинирање на големата мистерија позната како корона.

„Млади и здрави доброволци, кои веќе прележале ковид – 19, по втор пат, намерно, ќе бидат изложени на вирусот, за да се дознае како реагира имуниот систем„ – пишува sciencefocus.com.

Целта на научниците од Оксворд е да ја утврдат дозата од вирусот која е потребна за реинфекција, како на тоа реагира имуниот систем и што ова значи за развивањето на имунитет против болеста.
Финансиер на истражувањето е „Welcome Trust”, а се очекува да започне скоро, доколку добијат етичка дозвола. Доброволците ќе бидат личности на возраст помеѓу 18 и 30 години, кои на вирусот ќе бидат изложени во контролирана и безбедна околина а научниците ќе го надгледуваат нивното здравје.

Инаку, ваквите видови на истражувања, одиграле клучна улога во развојот на лековите против маларија, тифус, грип и така натаму. Слично истражување, веќе е во тек во Велика Британија, во кое учествуваат доброволци заразени со корона, со цел тестирање на лекови и вакцини.

маска

Хелен Мекшејн од Оксфорд вели дека предноста на ваквите студии е во тоа што истите можат да бидат целосно конторлирани, за разлика од природниот начин на инфицирање. Мекшејн потенцира дека преку овој експеримент ќе се дознае како телото реагирало на првата инфекција, кога точно се случила реинфекцијата и колку вируси има во организмот. Сето ова, ќе помогне во развивањето на тестови преку кои ќе се утврди дали луѓето се заштитени од корона или не, колку долго трае евентуалната заштита, а ќе има и допринос во понатамошниот развој на лекови и вакцини.

Оваа студија планирано е да се одвива во две фази. Во првата фаза, која би требало наскоро да започне, ќе учествуваат 64 доброволци кога ќе се утврди колку вируси се потребни за зараза, додека во втората фаза, планирана за во теков на летниот период, волонтерите ќе бидат изложени на вирусот.

Реакциите на имунитетот ќе бидат мерени во повеќе временски точки, а во истражувањето ќе биде користен изворниот сој од Вухан, во кој има најмногу клинички, имунолошки и вирусолошки податоци, но ќе се користат и новите варијанти на на корона.

Волонтерите ќе поминат 17 денови во карантин, а ќе бидат лекувани со моноклонски антитела. Истражувањето ќе трае година дена, за што доброволците ќе добијат парична надокнада од околу 5800 евра.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....