13:35 - 5 декември, 2025

Зошто Пике повеќе ја сака Клара Чиа од Шакира за партнерка: „Клара е поддржувач на отворени врски“

Теориите за тоа што ја предизвикало разделбата на Шакира и Жерар Пике се бескрајни, и можеби никогаш навистина нема да дознаеме што го спречи можното помирување. Но, има нова трага за тоа што се случило со нив и сè укажува на фактот дека Пике ја претпочита Клара Чиа поради одредени ставови, односно поради една тајна која излезе на виделина.

Каталонскиот весник „Ел Национал“  ја објави информацијата со наслов „Најинтимната тајна на Клара Чиа поради која Пике ја напушти Шакира: проблеми во креветот“.

Според весникот, една од најдобро чуваните тајни на девојката на Пике и зошто поранешниот фудбалер повеќе ја сака Клара е тоа што Клара сака немоногамни врски, а на Жерар Пике тоа му се допаднало дури и повеќе од враќањето кај Колумбијката.

„Шакира е поконзервативна личност од Клара, поради нејзината возраст, 46, поради семејните врски, мора истовремено да се грижи и за родителите и за децата и затоа што живее надвор од својата земја. Таа сака да има се под контрола и, и покрај тоа што прифати да не биде во формален брак со Пике, тие водеа брачна врска со сите намери и цели. А една од причините за кризата меѓу нив двајца беа вонбрачните афери на Пике, познати во ноќниот живот на Барселона” – пишува весникот.

А за разлика од музичката ѕвезда, „Клара Чиа, од друга страна, има 23 години, е од друга генерација, би можела да биде ќерка на Шакира и според нејзините фанови на Твитер е лојална следбеничка на профилот на Инстаграм наречен The Poly Spot кој ги шири придобивките од полигамијата, од полиаморалните врски, која ги поддржува паровите кои им дозволуваат на своите партнери да имаат други љубовни врски. Љубовта на двојката повеќе се заснова на лојалност отколку на верност“.

Така, според весникот, Пике претпочитал врска со партнерка со полиберални идеи и  „може да го прави тоа што го сака, но без да повреди никого“.

Слични објави

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо
Се вчитува....