-4.2 C
Скопје
00:13 - 23 декември, 2024

Животните како терапевти против анксиозност и депресија: На ранч кај Мариа Дуда Дибиаџио

Во Америка оди по нови искуства, а се враќа во Македонија за да ги примени. Така е и со ранчот кој Мариа Дуда Дибиаџио го основа со цел терапија со коњи за лицата со посебни потреби, но и за намалување на стрес и анксиозност.  

фото-приватна архива

Ранчот „Д Кантрисајд“ (The Countryside) се наоѓа во општина Ранковце, на 20 километри пред Крива Паланка. Отворен е за посетители од 2021 година, а веќе доби поддршка од Фондот за иновации за изработка на специјална програма за хипотерапија со коњи, нешто кое му е потребно на секој поединец, а најмногу на луѓето кои имаат здравствени проблеми.

– Ова ќе биде нешто иновативно во нашата држава, па и на Балканот, каде што ќе бидат вклучени и дефектолози, логопеди, физиотерапевти, психолози и јас како работник со животните. Првично ќе имаме еден пилот проект од три месеци каде бесплатно ќе ја понудиме оваа програма, вршејќи и мониторинг, за да ги направиме истражувањата и добиеме резултати за напредокот во развојот на лицата со посебни потреби – објаснува Мариа.

„Д Кантрисајд“ е ранч кој опфаќа терапија со помош на спасени животни за инспирација, но и за мотивација на луѓе.

Овој ранч нуди терапија со коњи, независно дали лицата се со посебни потреби или не. Од чешлање, грижа за животните, собирање сено, спортски активности, ранчот ги нуди сите овие активности, со можност за преноќување. Фото-приватна архива

– Коронавирусот си го направи своето, посебно во последните две години, многу луѓе страдаат од стрес, депресија, анксиозност и панични напади. На многу посетители одлично им дејствува целата дружба со животните. Овој ранч нуди терапија со коњи, независно дали лицата се со посебни потреби или не. Од чешлање, грижа за животните, собирање сено, спортски активности, ранчот ги нуди сите овие активности, со можност за преноќување – вели Мариа.

Мариа е родена и израсната кривопаланчанка, а живеела на различни места ширум светот. Љубовта кон животните ја негува уште од мала. Иако израснала во стан, летните месеци ги поминувала на село каде ги „позајмувала“ коњите за јавање.

– Лета поминати на село, постојано со животни. Со братучетка ми како мали јававме коњи „на крадење“ (се смее, н.з). Тие беа врзани, ние ги крадевме, јававме и ги враќавме. Од коњите започнува мојата љубов кон животните. Сите животни на ранчот се спасени, а Пикасно ми е првиот коњ. Моментално имам пет коњи, едно магаре – Матилда, седум кучиња, две кози и мачиња. Убавината е во тоа што, кога ќе дојдете на ранчот, ќе видите дека мачето може да се качи на коњот, не се плашат едни од други, козите одат по вас како кучиња. Јас првично ова го направива за себе, како хоби, како нешто што мене ме прави среќна, но потоа сакав да го споделам и со другите зашто делува навистина позитивно.

Коронавирусот си го направи своето, посебно во последните две години, многу луѓе страдаат од стрес, депресија, анксиозност и панични напади. На многу посетители одлично им дејствува целата дружба со животните. Фото-приватна архива

За разлика од Македонија, во Америка, посебно на западниот брег, терапијата со коњи ја препорачуваат дури и докторите, но не само за лица со посебни потреби туку и за оние кои се соочуваат со други здравствени проблеми. Затоа Мариа сака да создаде центар каде што секој родител ќе може да дојде со своето дете и ќе биде дел од терапијата со животните што ги одгледува, а кои претходно самата ги спасила.

– Доаѓаат многу луѓе, дури и мои пријатели што имаат деца со посебни потреби. Според моето искуство, а и според практиката на многумина од другите земји низ светот, многу популарно е користењето на животните за емотивна поддршка кај луѓето. Докторите во Америка го препишуваат како терапија. Кај нас, за жал, состојбата е поинаква, а на ранчот целам да го направам тоа достапно – вели Мариа.

Таа е менаџерка, хуманистка, жена од акција, жена која го остварува својот сон секојдневно, а воедно ги охрабрува сите да не ја потиснуваат идејата, да веруваат во себе и да не го чекаат вистинското време затоа што правила за тоа нема. Во големото срце на оваа девојка има љубов и за луѓе и за животни, а често ќе ја видите во друштво на коњи, кучиња, мачиња…

Фото-приватна архива

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....