2.8 C
Скопје
16:57 - 22 декември, 2024

Животната приказна на Ана Обрегон по смртта на синот: Конечно облече бело, а ја доврши и неговата книга

Цела Шпанија бруи за нејзиниот потег да ја исполни желбата на нејзиниот починат син. Додека сите ја осудуваат, таа конечно чувствува среќа бидејќи во раце го држи неговото девојче.

 

На Ана Обрегон повторно и се врати радоста: актерката е мајка на девојче од сурогат бременост. Животот на убавата водителка и глумица е обележан со важни моменти на кои печатот секогаш одекнувал: од почетокот на нејзината кариера како актерка, кон крајот на 70-тите; нејзината добро позната врска со пејачот Мигел Босе, или нејзината контроверзна разделба од Алесандро Лекио…Но, без сомнение, има две личности кои го одбележале и ќе го одбележат животот на актерката. Од една страна, раѓањето на нејзината ќерка, во САД, а од друга, смртта на неговиот син, Алес Лекио, кој почина на 13 мај 2020 година, од рак.

Две години по дијагнозата, младиот бизнисмен почина во Барселона опкружен со своите родители, а по неговата смрт мајка му преживеа многу тешки месеци додека, малку по малку, не реши да се врати на работа. Нејзиното прво телевизиско појавување беше на 31 декември 2020 година, облечена во бело, поради новогодишните празници, но со говор посветен на нејзиниот син со кој ги допре сите гледачи. Една година подоцна таа повторно отсуствуваше од работа затоа што беше позитивна на ковид, но оваа 2023 година конечно добро ѝ оди.

Малку по малку, Ана Обрегон се враќа во живот, но никако да ги оттргне мислите од прерано починатиот син (27 годишен), чии желби одлучи да ги исполни и недовршени работи – да ги заврши. Така, по желба на синот, сега Фондацијата Алес Лекио работи во истражувања за ракот и изнаоѓање на евентуален лек, а таа пак тукушто ја заврши книгата која нејзиниот син не успеа да ја доврши. Од 19 април книгата ќе биде во продажба.

И сега е повторно во центарот на вниманието – актерката повторно стана мајка, со сурогат мајчинство, на 68-годишна возраст. На 16 март, Ана се упати кон САД каде го помина својот роденден – тоа беше 18 март – и броеше часови за да ја запознае својата ќерка. Сурогат мајчинството е легално во Соединетите Американски Држави и Ана била во контакт со сурогат мајката во текот на целата бременост за да ја дознае нејзината здравствена состојба и она на бебето кое веќе го има во рацете.

На 9 март 2023 година, Ана Гарсија Обрегон и нејзините четири браќа и сестри присуствуваа на инаугурацијата на шеталиштето во мадридскиот град Алкобендас што го доби името по нивниот татко, Антонио Гарсија Фернандез кој почина минатата година. Актерката и нејзините браќа ја ценеа оваа убава почит.

 

 

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....