6.8 C
Скопје
08:48 - 1 април, 2026

Жена спасена од урнатините 104 часа по земјотресот во Турција: „Сега верувам во чуда“

Жена била извлечена жива од под урнатините во градот Кирихан 104 часа по земјотресот во Турција. Жената и спасувачкиот тим беа поздравена со овации и солзи радосници од сите кои беа сведоци на спасувањето.

Германските спасувачи внимателно ја извлекоа 40-годишната Зејнеп Кахраман на носилки од скршените блокови од бетон и искривен метал во градот Кирихан.

„Сега верувам во чуда“, рече Стивен Баер, водач на Меѓународниот тим за пребарување и спасување.

„Можете да видите луѓе како плачат и се гушкаат еден со друг. Големо олеснување е што оваа жена беше извлечена во толку добра состојба во овие услови. Тоа е апсолутно чудо“, додаде тој.

Досега е потврдено дека загинале 24.000 луѓе од земјотресот што ги погоди југоисточна Турција и северозападна Сирија.

Стотици илјади други останаа без покрив над главата и без храна во тешките зимски услови, очајни барајќи помош за да им се олеснат маките.

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....