14:03 - 1 април, 2026

(Фото) „Жена од султана“ ослабела 10 килограми: Kолешките ја нарекувале со погрдни зборови: „Ме прашуваа на што личам!“

Пејачката Тијана Милентијевиќ која се прослави со хит песната „Султановата сопруга“ (Жена од султана) се бори со вишок килограми, а откако ослабела 10 килограми, признала дека често била мета на критики од колешките поради својот изглед.

Имено, Тијана прво открила дали би сакала да се проба како актерка, па се осврнала и на бакшишот што го добива на забавите.

 


– Не знам за актерот, но јас би сакала да играм со Мирка Васиљевиќ. Мислам дека одлично би се снашла – пејачката била искрена, а потоа и признала дека за првпат застанала на високи потпетици откако ја повредила ногата, по што потврдила дека е „кралица на бакшишот“:

– Потврдувам дека сум „кралица на бакшишот“, но нема да откријам колку пари добив – се пошегувала таа.

Пејачката во последните години нагло се здебелила, а како што вели, честопати била прозивана од колешките поради тоа.

– Доживеав да ме прашуваат пред сите на што личам. Тоа е поради здравјето, ослабев 10 килограми. Мене тоа многу ми значи – истакнала Тијана.

 


Тијана се осврна и на наводите за апсењето на раперот Стефан Ѓуриќ Раста.

– Не знам ништо за тоа, не сме во контакт, но знам дека е прекрасен човек. Би се изненадила да слушнам такви вести за некого, но не и за него – рече таа.

Инаку, екипата на српски „Блиц“ неодамна ја фотографираше Тијана Милентијевиќ со нејзиното момче на море. Пејачката ослабе 10 килограми и покажа како изгледа во костим за капење.

 

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....