6.8 C
Скопје
04:24 - 31 март, 2026

Сопругата на српски фудбалер се јави од Италија: Децата не сум ги видела 15 дена, а вие сте… (ФОТО)

Српската манекенка Јована Ѓорѓевиќ (29) која живее во Италија со сопругот, прозборе за пандемијата на коронавирус, кој моментално во таа земја однесе бројни животи.

Сопругата на фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ (32), кој игра за Киево Верона, се огласи на Твитер и предизвика многу реакции.

 

View this post on Instagram

 

Keep me hangin’ on ? @lpa @revolve

A post shared by Jovana Djordjevic (@callmelolita) on

– Не сум ги видела децата од први март. Јас сум во Италија, а децата ми се во Србија. Можев да дојдам петпати досега ако сакав, но не сакав да загрозам нечија сигурност, иако не сум излегувала од станот, па така веројатноста дека сум заразена е многу мала, но сепак постоеше – истакнала Јована.

Додаде дека таа се ставила во самоизолација уште пред италијанската влада да ја донесе таквата одлука, бидејќи не би можела да поднесе некој друг да настрада поради нејзините грешки.


– Не можам да ја разберам човечката глупост и безобразлукот да не се придржуваат до мерките, туку шетаат низ градот и можат да го пренесуваат вирусот, бидејќи мислат дека тој не им може ништо – напиша Ѓорѓевиќ.

– И да немате родители, баби, дедовци, браќа, сестри, пријатели за кои се грижите, тоа и понатаму не објаснува зошто сте себични говеда без тронка совест и здрав разум. Останете дома и така спасете нечиј живот – советува манекенката.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....