5.8 C
Скопје
04:34 - 1 април, 2026

Зеленски: „Пекол е во Донбас, целосно е уништен“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вечерното обраќање до нацијата и светот даде ужасна оценка за ситуацијата во Донбас. „Пекол е, без претерување“, рече тој.

„Брутално и апсолутно бескорисно бомбардирање на Северодонецк… 12 мртви и десетици повредени во еден ден. Бомбардирани се и други градови, воздушни и ракетни напади на руската армија: сето ова не е само воено непријателство“.

„Руски напади во регионот Чернихив, особено страшен удар во Десна, многу мртви; континуирани напади во областа Одеса, во градовите во централна Украина, Донбас е целосно уништен – сето тоа нема воено објаснување за Русија“, продолжи украинскиот претседател.
„Ова е намерен и криминален обид да се убие што е можно повеќе Украинци. Да се уништат што е можно повеќе домови, општествени структури и бизниси.

Тоа е она што ќе се оквалификува како геноцид на украинскиот народ и за што окупаторите секако ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, додава тој.

Понатаму Зеленски повторно се наврати на финансиската и воена поддршка која е неопходна. Како што војната се одолговлекува, „месечниот буџетски дефицит во Украина сега е 5 милијарди долари. А за да ја издржиме војната до слобода, потребна ни е брза и доволна финансиска поддршка “. „И тоа не се само трошоци или подарок од партнерите. Ова е нивниот придонес за нивната безбедност“, додаде тој. – Затоа што одбраната на Украина значи и нивна одбрана од новите војни и кризи кои Русија може да ги предизвика. Ако успее во војната против Украина. Еве – заклучи Зеленски – зошто мораме сите заедно да работиме за да се осигураме дека Русија нема да успее во својата агресија врз нашата држава“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....