13:28 - 3 април, 2026

Зеленски го повика Шолц на појасна позиција за Русија, „Треба Шолц да нè увери дека Германија ја поддржува Украина“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Олаф Шолц да заземе појасен став во конфликтот со Русија и ги критикуваше обидите на германскиот канцелар да „одржи рамнотежа“ во односите меѓу Киев и Москва.

„Потребно ни е канцеларот Шолц да не увери дека Германија ја поддржува Украина. Тој и неговата влада мора да одлучат“, рече Зеленски во интервју за германската телевизија ЗДФ.

„Шолц и неговата влада мора да донесат одлука: не треба да има обид да се одржи рамнотежа во односите меѓу Украина и Русија“.

Понатаму, Зеленски ѝ замери на Германија дека почнала да ѝ помага на Украина многу подоцна од другите западни земји: САД, Велика Британија и земјите од источна ЕУ.

„Германија започна со испорака на оружје подоцна од нејзините соседи. Ова е факт“, додаде Зеленски, пренесува раињуз.

Песков: „Санкциите ќе им се вратат како бумеранг на Западот“, „резултатите ги гледаме со криза на храна и цените на електричната енергија“

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....