10.8 C
Скопје
01:11 - 31 март, 2025

Заработила 590.000 евра, но не од концерти! Александра Пријовиќ на овој начин собира огромни пари!

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ е една од најпопуларните пејачки во регионот. Во текот на турнејата „Од исток до запад“, таа неколкупати ја исполнуваше секоја арена во која пееше. Меѓутоа, освен од концертите, Александра огромни пари заработила и од музичките платформи.

Александра за девет месеци заработила дури 590.000 евра од албумот „Девет животи“. Пејачката во јуни минатата година објави девет нови песни кои соборија рекорди на слушање на Јутјуб и Спотифај. Нејзините најголеми хитови „Дам, дам, дам“, „Плацебо“, „Психо“… имаат дури 252.078.683 прегледи на Јутјуб, додека на Спотифај се преслушани 31.190.000 пати.

– Прија толку многу заработува од Јутјуб и Спотифај што воопшто не мора да одржува концерти! Освен бројните арени кои од септември ги пополни низ регионот, нејзиниот вртоглав успех се одразува и на многу дигитални платформи. Само песната „Дам, дам, дам“ досега има повеќе од 67 милиони прегледи на Јутјуб, а по неа е „Психо“ со 43.605.919 прегледи, додека сите други песни имаат по девет милиони. Сите девет песни досега собрале 252.078.683 прегледи. Еден преглед на Јутјуб во просек се наплаќа 0,002 евра, што значи дека Прија досега само од Јутјуб заработила 504.157 евра – рекол експерт за дигитални платформи за српски „Информер“.

Александра бележи милиони прегледи и на Спотифај.

– Таа платформа е една од највлијателните за слушање музика во светот. Многу светски ѕвезди често на своите социјални мрежи споделуваат статистики и рекорди кои ги соборуваат на Спотифај, но и Александра има со што да се пофали. Девет песни од нејзиниот последен албум досега имаат 31.190.000 „стримови“, односно толку пати се преслушани. Еден „стрим“ се наплаќа по 0,003 евра, што значи дека од тие прегледи досега Прија инкасирала 85.858 евра. Најслушаната песна на таа платформа, како и на Јутјуб, е „Дам, дам, дам“, која досега има 8.748.000 преслушувања, потоа следуваат „Психо“ со 5.493.000 и „Плацебо“ со 3.877.000. Тоа се одлични резултати и по бројот на слушања на еден албум, ѝ нема рамен во регионот – вели изворот.

 

 

Слични објави

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо
Се вчитува....