13:49 - 9 мај, 2026

Заострено ривалство: Цеца Ражнатовиќ го откачила соработникот затоа што ја избрал Александра Пријовиќ

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ ставила крај на соработката со долгогодишниот шминкер, а причината е нејзината колешка Александра Пријовиќ.
Како што тврди добро информиран извор за Информер, шминкерот на Цеца, која ѝ бил верен повеќе од една деценија, во последните години сè повеќе ѝ се посветувал на Пријовиќ.

– Тој беше еден од најважните членови на тимот на Цеца со години, но во последно време целосно се префрли на Александра. Патуваше со неа на речиси сите концерти за време на нејзината голема регионална турнеја и во тој период за Цеца беше недостапен. Тоа многу ѝ пречеше бидејќи беше навикната да може да смета на него во секој момент – изјавил изворот за Информер.

Според изворот, Цеца не сакала да трпи нечиј непрофесионализам, па затоа решила да бара нов соработник.

– Цеца и Прија со години се во некаков вид тивко ривалство. На Цеца ѝ пречи што Прија за краток период стана една од најбараните пејачки и што луѓето од забавната средина сè повеќе ѝ вртат грб поради нејзината помлада колешка. А оваа ситуација со шминкерот едноставно ја прелеа чашата – вели нашиот извор.

Блиска пријателка на Ражнатовиќ потврдува за Информер дека Цеца била разочарана.

– Ми рече: „Немам проблем што работи со Александра, нека работи со кого сака, но кога ќе ми треба, мора да биде тука. Ако нема време за мене, тогаш ќе најдам некој што сака да работи!“ – ги цитира пријателката зборовите на Цеца.

Според последните информации, Ражнатовиќ веќе ангажирала нов шминкер, а, како што велат, таа дури и не сака да го спомене името на нејзиниот поранешен соработник.

– Го прецрта засекогаш, за неа тој веќе не постои – заклучува изворот за Информер.

Пред извесно време и Александра Пријовиќ одлучила да ја прекине соработката со композиторот Дејан Костиќ, а причината, како што дозна Информер е неговата соработка со Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Според добро информиран извор, повеќето од песните што Костиќ првично ги подготвил за Александра завршиле во рацете на Цеца Ражнатовиќ, што длабоко ја разочарало Пријовиќ.

Слични објави

Се воведува строго правило за Евровизија 2026 : Забранети се знамиња без сертификат

Т.Ц.

„Евровизија е за една недела, а јас сум без глас“: Членка на хрватската група „Лелек“ се бори со инфекција

Т.Ц.

Гордоста на Лидија Вукиќевиќ – Синовите Андреј и Давид се нејзиниот најголем успех

E.A.

Не ја пропуштајте: Новата колекција на „Капитол го дефинира машкиот стил оваа пролет

Еспресо

Ела Дворник со нов имиџ – инфлуенсерката ја скрати косата и стана „Парижанка“

E.A.

ФОТО | Радост во семејството Гаџа — Адријан стана татко

apostolova
Се вчитува....