19.8 C
Скопје
15:11 - 11 март, 2026

Закерберг: Десетици милиони луѓе се враќаат на „Тредс“ дневно

Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, тврди дека десетици милиони луѓе се враќаат на „Тредс“ на дневна основа.

Закерберг нагласи дека фокусот на тимот на новата платформа до крајот на годината е подобрување на основата и задржувањето на корисниците.

Новитетот на „Мета“, „Тредс“, имаше исклучително силен почеток. Апликацијата слична на „Твитер“ постигна извонреден успех надминувајќи ја бројката од 100 милиони регистрирани корисници за само пет дена од своето деби.

Сепак, аналитички извештаи сугерираа дека апликацијата веќе почнала да бележи пад на дневни активни корисници. Извршниот директор го изрази својот оптимизам за растечката заедница на апликацијата истакнувајќи дека десетици милиони луѓе секојдневно се враќаат на „Тредс“ надминувајќи ги очекувањата на компанијата.

Закерберг сподели изјава на новата платформа: „Многу сум оптимист за тоа како заедницата „Тредс“ се здружува. Раниот раст беше надор од границите, но уште поважно – десетици милиони луѓе сега се враќаат дневно. Фокусот до крајот на годината е подобрување на основата и задржувањето на корисниците“.

„Ќе биде потребно време да се стабилизира, но штом ќе го направиме тоа, ќе се фокусираме на растење на заедницата. Убеден сум дека ‘Тредс’ е на вистинскиот пат“.

Слични објави

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin
Се вчитува....