14:57 - 31 јули, 2026

Килијан Марфи јадел еден бадем на ден за да го добие изгледот на Роберт Опенхајмер

Килијан Марфи јадел по еден бадем на ден за да ослабне и физички да го долови ликот што го глуми – Џеј Роберт Опенхајмер, теоретски физичар и татко на атомската бомба.

47-годишниот актер од популарната гангстерска драма Peaky Blinders („Бандата од Бирмингем“) одби да каже како изгубил тежина за улогата во филмот „Опенхајмер“, но Емили Блант (40), која ја глуми неговата сопруга, откри како се трансформирал.

Емили ја потретира Кити Опенхајмер во трилерот базиран на биографијата „Американски Прометеј“ од 2005 година. „Тој имаше таков монументален потфат. И можеше да јаде само еден бадем секој ден“, реќе таа во разговор со „Екстра“.

„Беше слаб и изнемоштен“, додаде таа.

Килијан во неодамнешно интервју за „Њујорк тајмс“ рече: „Сакам да глумам со моето тело, а Опенхајмер имаше јасна физикалност и силуета, затоа сакав да постигнам некаква сличност“.

„Мораше да изгубам тежина, работевме на кроење костуми, тој бил прилично слаб… речиси изнемоштен, живеел од мартини и цигари“.

Филмот во режија на Кристофер Нолан нѐ враќа во времето кога американскиот физичар го надгледувал создавањето на атомската бомба во текот на Втората светска војна.

Опенхајмер управувал со тајна лабораторија во Лос Аламос, направена за време на мандатот на претседателот Френклин Рузвелт, како дел од проектот „Менхетн“, за изградба на првата атомска бомба. Тој го надгледувал детонирањето на првата ваква бомба „Тринити“ во пустина во сојузната држава Ново Мексико пред да бидат бомбардирани Хирошима и Нагасаки.

Слични објави

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.

„Јас синоќа една прецртав“: Марија Шерифовиќ си исполни голема желба, па откри која е

Еспресо

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Еспресо

Каков живот води денес Иван Босиљчиќ? Еве што велат во неговиот роден крај

Е.А.

Една одлука може да ти го промени животот – дали си подготвена за следниот чекор?

Еспресо

Заедно се повеќе од две децении и покрај бројните искушенија, а нивната приказна е судбинска

Е.А.
Се вчитува....