17:49 - 11 мај, 2026

Кој е најсреќниот и најсилниот знак во хороскопот?

девојка, среќа

Кога ќе се спомне сила, многумина најпрво помислуваат на тврдоглавиот Овен, но тоа не е вистина. Иако има неколку силни знаци како што е упорниот Бик со својата неверојатна енергија, еден значително се истекнува како најдобриот од сите. Овој знак не само што е најсилниот, туку исто така е и најсреќниот во целиот Зодијак. Па, ајде да почнеме да ги издвојуваме најсилните знаци со цел да го најдеме оној кој истовремено е и најсреќен…

Можеби ќе ви звучи чудно, но Ракот спаѓа во најсилните знаци, особено кога станува збор за неговиот дом и семејство. Девицата е трпелива и одмерена, а најсилна е кога станува збор за прецизност. Вагата е силна кога нешто сака, па не отстапува дури ни кога ја напаѓаат. Токму тоа што се држи до оние нешта кои ќе ги зацрта ја прави посилна од останатите.

Силата на Стрелецот се наоѓа во способноста да почне од почеток, без разлика колку пати не успеал. Тој е силен како феникс кој одново може да се издигне од пепелот. Многумина сметаат дека токму Јарецот е најсилниот знак, но тоа не е баш така. Иако тој е трпелив, добар дипломат и стратег, тој може да пукне кога станува збор за скриени емоции. Точно е дека може да ги победи сите во тестови на издржливост, сила и истрајност, но успехот и кариерата по кои тежнее често го ослабуваат.

Скорпијата има неверојатно брза регенерација и страст со која му пристапува на животот, па токму затоа и се смета за еден од најсилните знаци. Плуто ѝ овозможува вулканска сексуална енергија, како и способност да продре во мистериозната и спиритуалната сила која може целосно да ја трансформира. Таа има силни и хипнотички очи кои можат лесно да продрат во вас.

Иако сите овие знаци се силни, сепак Лавот се издвојува како најсилниот и најсреќниот огнен знак. Тој секогаш сè разбира, бидејќи вистинската вистина е тоа што тој смета дека е вистина, вистинската страна е онаа за која тој се определил и за него дури ни универзумот не е загатка бидејќи очигледно е средиште на сè што постои, заедно со својата публика која завидливо му аплаудира. Тој сè прави со стил и театрално. Токму поради овие карактеристики тој е најсилниот и најсреќниот знак во Зодијакот.

Слични објави

Накит со потпис на Jewelry Palace SJ – уникатни дизајнерски парчиња што зборуваат без зборови

Еспресо

Љубовен хороскоп до крајот на мај: Неодолив магнетизам, сурова страст, емотивна поврзаност…

apostolova

Кејт Мидлтон во елегантно издание надополнето со бисери на принцезата Дијана и кралицата Елизабета Втора

Т.Ц.

Зорица Брунцлик по тешката битка со здравјето проговори за семејството – „Беа избезумени од страв“

Е.А.

Кремасто пилешко на тоскански начин – рецепт за брз ручек што сите ќе го обожаваат

Т.Ц.

Бугарските ѕвезди Галена и Преслава ги „закопаа секирите“ – повторно се неразделни

Е.А.
Се вчитува....