15:47 - 13 ноември, 2026

(Видео) Бред Пит глумел со Милена Дравиќ за хонорар од 1.523 долари: Филмското деби на актерот е во поранешна Југославија

Својата прва улога во професионалната кариера Бред Пит ја остварил во американско-југословенски филм, во кој глумел заедно со Милена Дравиќ.

Актерот роден во Оклахома, подоцна преселен во Беверли Хилс, Калифорнија, шест години студирал глума. Во 1988 година ја добива првата главна улога во „Темната страна на сонцето“ (The Dark Side of the Sun), во која глуми млад Американец, чие семејство го носи на Јадран за да се излечи од кожна болест.

Филмот е снимен во Котор и неговата околина во летото 1988 година, а поради распадот на Југославија, бил објавен дури во 1997 година.

Американско-југословенскиот филм е во режија на Божидар Николиќ, сценариото го напишаа Ендрју Хортон и Жељко Мијановиќ според приказна на Никола Јовановиќ. Главните улоги во филмот ги толкуваат Бред Пит, Шерил Полак и Гај Бојд.

Пит го игра Рик Клејтон, млад човек кој боледува од ретка болест на кожата и кој учи важни животни лекции на Јадранот. Милена Дравиќ глуми негова мајка. Заедно со нив во филмот глумат и Горица Поповиќ и Соња Савиќ.

Режисерот Николиќ од 400 кандидати за главна улога го избрал Бред Пит. Актерот бил многу среќен поради изборот иако за седум недели снимање му платиле само 1.523 долари.

Неколку години подоцна почна неговиот подем како актер – „Интервју со вампирот“ (1994), „Легенда за есента“ и „Седум“. Во 1997 година ги сними „Семе на злото“ и „Седум години на Тибет“ и стана еден од најпопуларните холивудски актери.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....