19:15 - 10 ноември, 2026

За неверојатна сума: Темно-зелениот дуксер на Зеленски продаден на аукција во Лондон, еве за колку!

Облеката се продаваше за скоро двојно поголема од почетната цена. Собраните средства ќе бидат потрошени за хуманитарна помош за Украина.

Борис Џонсон ги повика Британците да „потрошат многу пари“ нарекувајќи го украинскиот претседател „еден од најневеројатните лидери на модерното време“.

Невозможно е да не сте го забележале во последните месеци дуксерот на Зеленски, во војничко  зелена нијанса, што го носи речиси на секоја јавна пригода.

Дуксерот беше продаден за 90 илјади фунти, околу 105 илјади евра, на аукција, организирана од престижната аукциска куќа „Кристис“, која се одржа во Лондон. Целта била да се соберат средства за Украина, пренесуваат меѓународните медиуми.

На аукција е продаден и бокалот во форма на петел, кој му го дала на Џонсон една жена – која успеала да му пријде – за време на прошетката со Зеленски во Киев.

Слични објави

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....