18.8 C
Скопје
15:58 - 11 март, 2026

Вог критикуван за „катастрофалната“ насловна со супермоделките од 90-те: „Вистински домаќинки веднаш по будење“

Од сите страни пристигнуваат критики за модната библија – списанието „Вог“ за фотосесијата со супермоделите од 90-тите Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон, пишува Дејли Мејл.

Станува збор за септемвриската насловна страна на американскиот и британскиот Вог, чии хероини беа култните супермодели од 90-тите – Кристи Тарлингтон, Синди Крафорд, Наоми Кембел и Линда Евангелиста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Откако списанието го објави новото издание, бројни се критиките на сметка на Вог. Модните вљубеници забележаа дека „катастрофално здодевната“ корица ги претставува врвните супермодели од 90-тите да изгледаат како „вистински домаќинки веднаш по будење“ .

„Од креативна гледна точка, тие (супермоделките) би можеле да направат се, а тука се сите црни, стојат во агол со страшно осветлување. И тоа е се што смислија урдениците на Вог. Што е ова, будење?“, „Требаше да биде неверојатно, оваа насловна требаше да не замолчи сите, но поради некоја причина излезе рамнодушна, и тоа е многу навредливо“, „Ги направивте супермоделите да изгледаат како да се домаќинки. Какво непочитување“, напишаа критичарите на Твитер.

Главниот уредник на британскиот „Вог“, Едвард Енифул, кој наскоро ќе ја напушти функцијата за да стане глобален креативен и културен советник на Вог, беше одговорен за стилизирањето на топ моделите за насловната страница. Супермоделките се фотографирани од Рафаел Павароти.

Слични објави

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin
Се вчитува....