33.8 C
Скопје
16:51 - 9 септември, 2026

Маја Вукиќевиќ во спомен на мајка ѝ: „Сакам времето да не го избрише она што го остави зад себе“

Маја Вукиќевиќ, која веќе неколку години живее во Австралија, сподели емотивен спомен на своја мајка.

Таа отвори посебна страница на социјалните мрежи во спомен на мајка ѝ, оперската пејачка Милка Казакова Вукиќевиќ.

Маја ја објави веста со фотографија и емотивна порака, велејќи дека сака на едно место да го зачува сето она што Милка го оставила зад себе.

„Со многу љубов ја создадов оваа страница во спомен на мојата мајка, Милка Казакова-Вукиќевиќ. Сакам на едно место да останат нејзиниот глас, фотографиите, настапите, приказните и спомените за неа, за времето да не го избрише она што таа го остави зад себе“, напиша Вукиќевиќ.

Таа ги повика пријателите, колегите и соработниците на нејзината мајка, како и сите што ја познавале, да се приклучат и да помогнат во зачувувањето на спомените за неа.

„Би ми било драго нејзините пријатели, колеги, соработници и сите што ја познаваа и ја паметат да ѝ се придружат на страницата. Ако имате фотографија, снимка, приказна или едноставно убав спомен со Милка, споделете го со нас. Додека се сеќаваме, љубовта и споменот продолжуваат да живеат“, додаде Маја.

Милка била оперска пејачка, а токму нејзиното занимавање со музика имало големо влијание врз Маја и нејзината одлука да стане пејачка.

Маја Вукиќевиќ првично работеше како телевизиска презентерка и новинарка, а на музичката сцена се појави во 1997 година. Во годините што следуваа настапуваше на повеќе македонски фестивали, а меѓу песните по кои публиката најмногу ја памети е „Зборови“, со која настапи на „Макфест“ во 2002 година.

Вукиќевиќ во 2019 година се пресели во Австралија, каде што денес живее со својот син Гораст. Иако е далеку од Македонија и од домашната музичка сцена, таа повремено преку социјалните мрежи се потсетува на своите песни, настапи и соработници.

Во мај годинава Маја доби и австралиско државјанство. Свечената церемонија се одржа во Сиднеј, а пејачката тогаш кажа дека за неа е чест и привилегија што станала дел од австралиската заедница.

И покрај новиот живот во Австралија, Маја не ја крие емотивната поврзаност со Македонија. Во една од своите неодамнешни објави кажа дека срцето ѝ е „на половина“ и дека се буди со мисла за Македонија.

Слични објави

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.
Се вчитува....