15:09 - 13 ноември, 2026

Нада Обриќ: Го тешев сопругот кога имаше проблеми со љубовницата

Легендарната народна пејачка Нада Обриќ зад себе има исклучително богата и успешна музичка кариера, но нејзиниот приватен живот со децении го привлекува вниманието на јавноста поради бројните невообичаени и турбулентни детали. По разводот од првиот сопруг со кого ги има ќерката Итана и синот Саша, пејачката  во втор брак со Александар Аца Ивановиќ, кој траеше цели петнаесет години.

Сепак, наместо класична брачна идила, овој однос беше одбележан со неочекувани случувања кои и денес ги оставаат сите во тотален шок.

Нада отворено призна дека знаела за неверствата на сопругот, но наместо да прави скандали и кавги, таа одлучила да преземе сосема поинаков потег. Пејачката откри дека лично го тешела својот партнер кога тој имал сериозни проблеми и кавги со љубовницата. Со несекојдневен хумор и смиреност, таа му советувала да не биде нервозен бидејќи брзо ќе ги измазнат односите сè додека тој финансиски ја поддржува.

Според нејзините зборови, главниот корен на сите брачни проблеми бил фактот што нејзиниот тогашен сопруг не можел соодветно да се справи со нејзината огромна слава и популарност. Таа објасни дека мажите на почетокот се воодушевени што се во врска со ѕвезда, но штом јавноста почне да го става нивниот статус во втор план, тие почнуваат да ја гледаат сопругата како конкуренција. И покрај сите предизвици, Нада успеа да го сочува својот достоинствен став и да ја раскаже оваа при приказна без загорченост.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....