11.8 C
Скопје
09:42 - 21 октомври, 2026

Во Мариупол урнати 1.300 станбени згради со огромен број трупови под урнатините; Зеленски бара оружје

Руските сили кои го окупираа украинскиот град Мариупол урнаа 1.300 станбени згради без да ги отстранат стотиците трупови што останаа во урнатините, изјави градоначалникот Вадим Бојченко.

Градоначалникот – кој побегна од Мариупол кон територијата контролирана од Украина – вели дека на почетокот „окупаторите ги вклучиле жителите на Мариупол во внимателно демонтирање на урнатините“, но потоа кога го виделе вистинскиот број на тела под урнатините, веднаш ги отпуштиле локалните жители.

„Вистинскиот број на трупови под урнатините на уништените куќи е застрашувачки – пишува Бојченко на профилот на градскиот совет на Мариупол на Телеграм -. Меѓу 50 и 100 луѓе загинаа во речиси сите уништени згради, а 1.300 згради беа урнати“.

Општина Мариупол проценува дека најмалку 22.000 жители на југоисточниот украински град биле убиени во првите три месеци од војната. „За жал, реалниот број на убиени луѓе може да биде многу поголем од пријавениот“, смета Бојченко.

Во меѓувреме, во својата вообичаена вечерна видео порака Влодимир Зеленски продолжи да бара тешка артилерија од Западот.

„Украинската армија прави се за да ги запре агресивните дејствија на окупаторите. Колку што е можно, се додека имаме доволно тешко оружје, модерна артилерија. Сè што баравме и продолжуваме да бараме од нашите партнери е оружје“. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот вечерен видео говор. И додаде: „Во Донбас продолжуваат жестоките борби“. Потоа се наврати на средбата со британскиот министер за одбрана Бен Валас во Киев со кого разговарал „како да се запре руската агресија“.  Британците – подвлече тој – демонстрираат вистинско лидерство во одбранбените прашања.

 

Слични објави

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо

Хороскоп за 21 октомври: Партнерот се оддалечува од Раковите, а на Девиците им подготвува изненадување

Еспресо

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо
Се вчитува....