17.8 C
Скопје
14:48 - 25 октомври, 2026

Викторија Лоба за нејзиното искуство со липосукциска исхрана: „Липо“ е за секој кој сака да ја достигне посакуваната тежина брзо и здраво

Липо протоколот, со вклучени Липо протеини и аминокиселини, го применував 14 дена и уште 14 дена бев на липосукциска предодредена исхрана. Од 57 килограми во првите две недели изгубив 4 килограми, дојдов на 53 килограми и слабеењето продолжи и во следните две недели, открива Викторија Лоба.

Зошто липосукциска исхрана?

– После мојата 30-та година метаболизмот не е ист како на моите 20 години, и тоа не е ништо страшно, но јас сум перфекционист и добро знам како сум изгледала претходно. Секако морав да направам некој напор да се вратам на претходните посакувани резултати зашто подуен стомак и плус пет килограми за мене не е прифатливо. Навистина има многу различни диети кои се нудат моментално, но она што јас го барав беа конкретни резултати во тесен временски период зашто навистина немам време да чекам 3-4 месеци за добри резултати, и воопшто, по темперамент сум нетрпелива. „Липо“ ми го понуди токму тој пакет.

Како протоколот делуваше на твоето здравје и енергија?

-Во првите 4-5 дена, организмот се прилагодува да функционира на нов начин и тоа е таа фаза кога сите напори одат да се оддржи дисциплината, после петтиот ден сè е многу лесно и едноставно. Веќе втората недела од протоколот имав доволно енергија да го качувам Водно и се чувствував далеку поенергичено отколку пред да започнам со Липо. Тоа се одразува секако и на мојата работа, имам многу енергија, се чувствувам лесно и самоуверено. Денес, липосукциската исхрана стана мој стил на живеење, сега точно знам што ми создаваше проблеми со тежината и се манифестираше преку пад на енергијата и наталожени масти. Мојата крвна слика сега е одлична, претходно бев слабокрвна и се обидував преку одредени витамини да го подобрам тоа, но сега сè е многу поедноставно, односно, со оваа исхрана успеав да го решам и тој проблем. Навистина, многу сум благодарна на Липо Центарот и д-р Крстеска.

Зошто и кому би ја препорачала липосукциската исхрана?

– Од срце ќе кажам, буквално на сите! Секој кој чувствува дека треба да направи детокс на својот организам, а не само да се ослободи од вишокот килограми. Секој кој сака да има стабилна посакувана тежина и многу енергија. Липосукциска исхрана е здрав начин да го моделираш своето тело и на својот организам да му создадеш здрави навики.

Закажете и вие бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот, (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Фото-Аверел

Комерцијален текст.

 

Слични објави

На четири хороскопски знаци во ноември ќе им се исполнат долгоочекуваните желби — конечно доаѓа периодот што го чекаа

К.С.

Љубовната приказна на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ — се заљубиле, раскинале, па повторно се пронашле

К.С.

Недела е за нешто слатко — рецепт за францускиот колач „Наполеон“ со крцкави кори и нежен крем од ванила

К.С.

(Фото) Северина се огласи од Палермо: „Кога си на Сицилија, биди Сицилијанка“

Т.Ц.

Витамините не се најдобрата заштита од настинки и грип, лекар открива што навистина помага

К.С.

Гоца Тржан се присети на дружењето со Тоше Проески: „Имав голема среќа токму со мене да го сними својот прв дует“

Т.Ц.
Се вчитува....