13.8 C
Скопје
15:54 - 28 октомври, 2026

(ВИДЕО) Во последен момент избегната голема трагедија: Момче седело на сред пат на столица и пишувало на мобилниот телефон

На Фејсбук се појави морничаво видео кое го објави Бранимир К. Хакенбергер, професор од Катедрата за биологија на Универзитетот во Осиек. Професорот објави видео на кое се гледа како момче седи на столица на сред пат и пишува на мобилниот телефон. Во моментот кога му се приближува автомобил, момчето станува од столицата, се насмевнува и си оди.

„Влијанието на социјалните мрежи, незнаењето, отсуството на вистински вредносен систем, упропастениот образовен систем, сето ова заедно или нешто сосема друго!? Не знам! Но, погледнете што ми се случи, поточно што можеше да се случи“, напиша професорот и ги замоли своите пријатели на Фејсбук да го споделат видеото и да се обидат да го идентификуваат момчето.

„Можеби некој го препознава ликот и потоа ќе ги информира родителите што прави нивното дете. Дали е предизвик на Тик-Ток или нешто слично, не е важно. Но на ова дете му треба итен едукативен третман. Освен што си го загрозува здравјето и животот, ја загрозува и судбината на возачите и којзнае што уште“, рече професорот Хакенбергер.

Како што пренесува Telegram, за инцидентот се огласил и Центарот за побезбеден интернет (CSI).

„Однесувањето на младиот човек од видеото го сметаме за загрозување на сообраќајот“ и додадоа дека го загрозува својот живот и здравјето на другите и дека тоа е кривично дело.

Слични објави

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо
Се вчитува....