7.8 C
Скопје
23:41 - 31 март, 2026

(Видео) „Сѐ ќе направи за лајк“: Српска водителка објави бизарно видео во кое мајка ѝ ја бања на 33 години

Српската водителка Јелена Димитријевиќ, објави бизарно видео на својот инстаграм-профил на кое се гледа како мајка ѝ ја бања, иако има 33 години. Во видеото водителката е гола, стуткана во кадата, додека мајката со тушот ѝ ја мие косата.

„За сите мајки, од мене и од мојата мајка. Голема љубов и сила“ – напиша таа во описот на видеото.

Очекувано видеото на Инстаграм доби голем број пофалби, но и критики и зајадливи коментари.

„Не те избањала добро. Не може да те избања така стегната и собрана“;„Убиј ме, ако разбирам (што сакаш да кажеш)“;„Веројатно следи некој нов тренд на интернет, сѐ ќе направи за лајк“, беа дел од коментарите.

По низата коментари, српската водителка одлучи да им одговори, па напиша:

„Да им објаснам на луѓето на кои не им е јасно зошто мајка ми ме бања – не сакам. Само сакам да кажам: родителот те бања кога ти тоа не можеш да го направиш затоа што си немоќен и си бебе, а кога родителот ќе остари ти го бањаш него и така би требало да биде. Во меѓувреме, понекогаш и големото дете бара да биде мало бебе – негувано. Пораката е следна: џабе се бањаме, ако одвнатре смрдиме“, напишала Јелена.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....