08:31 - 4 април, 2026

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Празнична еуфорија завладеа и во домот на пејачката Јелена Карлеуша. Додека нејзините ќерки Атина и Ника со татко им Душко Тошиќ престојуваат во Дубаи, Карлеуша решила да ги изненади и да ја украси куќата, за да ги пречека празнична атмосфера кога ќе пристигнат.

Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво уредените во Белград, па така се погрижила да биде и овој пат.

Таа засега само ја „скокотка“ фантазијата на нејзините многубројни следбеници на социјалната мрежа Инстаграм и покажа само дел од декорацијата.

Пред куќата, во многу простран двор, гледаме светлечки фигури на ирваси, Дедо Мраз и Снежана.

На оградата која се протега по целата должина е закачена „ледена“ завеса, направена од сини светла.

Сцената е навистина бајковита, а таа ја заокружила со новогодишниот хит „The Magic of Winter“.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....