22:55 - 2 април, 2026

(ВИДЕО) СТИНГ ЈА ЗАПЕА ПЕСНАТА Russians: Сите си ги сакаме нашите деца, престанете со војната!

Британскиот кантавтор Стинг повторно ја запеа песната објавена во 1985 година како повик за заедничка хуманост и трогателно навраќање на советското минато, мислејќи на Украина.

Песните на Стинг се безвремени, но оваа, насловена Russians, не случајно повторно ја испеа сакајќи да испрати мировна порака.

Добитникот на Греми на Инстаграм објави видео како ја пее песната Russians. Во објавата тој напиша: „Ретко сум ја пеел оваа песна многу години откако е напишана, бидејќи никогаш не мислев дека повторно ќе биде релевантна“, објаснувајќи дека во фокусот на крвавата и страшно погрешна одлука на еден човек да нападне мирен, незагрозен сосед, песната е молба за покажување на заедничко разбирање и човечност.

„За храбрите Украинци кои се борат против оваа брутална тиранија но исто така и за многбројните Руси кои протестираат против ова лудило и покрај заканите од апсења и затвор – Ние, сите ние, ги сакаме нашите деца, престанете со војната“, напиша кантавторот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STING (@theofficialsting)

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....