8.8 C
Скопје
11:57 - 1 април, 2026

(Видео) Среде улица пие алкохол: Харис Џиновиќ снимен како се теши по разводот со Мелина

Веста дека српскиот пејач Харис Џиновиќ по повеќе од две децении љубов со Мелина се разведува одекна како бомба.

Иако Џиновиќ секојдневно дава интервјуа за неговиот живот со Мелина и за причините за разводот, се чини дека на пејачот не му е лесно што се разведе по 22 години заеднички живот, иако на секој начин се труди да остане присебен и да се помири со тој факт.

Тоа го поткрепува и видеото што се појави на социјалните мрежи на кое Харис по снимањето на една емисија среде улица пие виски, кое, како што е веќе познато, секогаш го носи со себе.

 


„Кутриот Харис среде улица си ја залева тагата со алкохол. Само камен нема да заплаче“, напишал корисникот кој го објави видеото на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Харис еднаш ја споредил Мелина со познатата актерка Софија Вергара, и изјавил дека максимално ја поддржува.

– Харис вели дека никој не може да се мери со мене, дури ниту Софија Вергара? (се смее) Па како нема да ми годи тоа, Хари е централната фигура во мојот живот. Тука се и децата, нашето семејство… Не излегувам многу од тој круг. Навистина сум посветена на тој круг – истакнала во една прилика Мелина за „Пулсонлајн“.

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....