8.8 C
Скопје
20:38 - 19 февруари, 2026

(Видео) Сопругата на Брус Вилис признава: „Навистина не сум добро…“

Пред седум месеци, семејството на Брус Вилис издаде соопштение за јавност и секако за фановите на холивудската ѕвезда во кое кажа дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција.

Семејството не губеше време да се зафати за огромна грижа и лекување на 68-годишниот актер.

„За жал, предизвиците со комуникацијата се само симптом на болеста со која се соочува Брус. Иако ова е болно, олеснување е конечно да се има јасна дијагноза“, напиша тогаш неговата сопруга, колешката-актерка Ема Хеминг Вилис.

Сепак, никој не рече дека ќе биде лесно. Грижата за актерот се покажа како тешка задача, иако Хеминг се соочи со тоа со позитивен став.

Таа се обратила за помош од стручњаци за да научи како да се справи со болеста на сопругот и како најдобро може да му помогне и нему, и на нејзините две ќерки.

Но, има денови кога помислува дека се ова е претешко, како што овојпат им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи.

„Мојата порака е едноставна. Кога не се грижиме за себе, не сме добри за луѓето што ги сакаме и на кои сакаме да им помогнеме и да се грижиме за нив“ – искрена е Ема.

Таа им се заблагодари на фановите за поддршката која секојдневно ја добива и ги охрабри да пишуваат пораки наменети и за другите партнери, како неа, кои поминуваат низ слични борби.

Потоа, признава дека воопшто не ѝ е добро и дека грижата за Вилис е исклучително тешка.

„Знам дека изгледа како да сум надвор од ова, како да го живеам мојот најдобар живот. Морам да вложувам свесен напор секој ден за да го живеам најдобриот живот што морам“.

И додава – „Го правам тоа за себе – го правам тоа за нашите две деца и Брус, кој не би сакал да живеам на друг начин. Затоа не сакам погрешно да се толкува дека сум добра затоа што не сум. Јас не сум добро.”

Слични објави

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо
Се вчитува....