7.8 C
Скопје
22:24 - 31 март, 2026

(Видео) Шишки, кратка коса и сини леќи: Наташа Беквалац не личи веќе на себе

Пејачката Наташа Беквалац направи промена во својот изглед, па веднаш се пофали на Инстаграм.

Беквалац, која ја нарекуваат „Новосадската Барби“, решила да промени нешто на себе, па со необична шминка и друга фризура изгледа сосема поинаку.

Наташа, всушност, на Инстаграм го објави своето ново издание.
Таа стави и сини леќи, а оваа нејзина промена предизвика лавина реакции на мрежите.

„На убава жена сè и стои добро“, „Не личиш на себе“, „Каква промена“… се само дел од коментарите.

Наташа, инаку , признава дека е емотивно исполнета, иако моментално нема партнер.

– Сè уште нема некој кој ќе ми го привлече вниманието и навистина не размислувам за тоа. Емотивно сум исполнета, но јас сум слободна жена – изјави неодамна пејачката.

– Неодамна се допишував со некого преку Инстаграм. Малку флертувавме, но го блокирав. Не ме навреди, туку ми зборуваше неучтиво – изјавила Наташа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....