9.8 C
Скопје
13:22 - 1 април, 2026

(Видео) Се огласи постарата сестра на Мараја Кери: Живеам без заби и немам пари да ги заменам

Постарата сестра на познатата пејачка Мараја Кери објави видео во кое се пожали на лошата финансиска состојба.

“Јас сум Алисон Кери, за жал живеам без заби. Не успеав да ги заменам. Посакувам да можам да ги заменам, но едноставно немам пари и така стојат работите. Речиси е невозможно да се прават некои работи без заби. Тоа е сѐ што навистина имам да кажам“, се вели во видеото кое се шири на социјалните мрежи.

@didyoucatchthis Alison Carey Updates Public, Says “She Can’t Afford Teeth”. #mariahcarey #foryou #xyzbca #trending ♬ original sound – Did You Catch This?

Пејачката Мараја Кери долго време не е во добри односи со нејзината 61-годишна сестра Алисон Кери.

Алисон е зависничка која се опоравува, која е ХИВ позитивна и во неколку наврати јавно побарала помош од нејзината сестра.

Пред осум години таа се здобила со оштетување на мозокот откако провалници влегле во нејзината куќа и тешко ја повредиле. Поради ова, таа морала да оди на операција на ‘рбетот и мозокот. Во видеото кое го снимила тогаш ѝ кажала на својата позната сестра дека ја сака.

„Очајно ми треба твојата помош, те молам не ме оставај“, изјавила тогаш Алисон, која тврди дека работела како проститутка за да го издржува своето семејство пред Мараја да стане позната.

Сепак, портпаролот на познатата пејачка тврди дека таа никогаш не ја заборавила својата сестра.

“Марија потроши илјадници долари за поддршка на нејзината сестра и нејзините деца во текот на годините. Таа го издржува своето пошироко семејство две децении”, изјавил тој тогаш.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....