00:15 - 31 јули, 2026

(Видео) Кавгите и лошите зборови се минато: Новото видео покажува дека Јелена Карлеуша и Сека Алексиќ се одлични пријателки

Пејачките Јелена Карлеуша и Сека Алексиќ своевремено не беа во добри односи, за што пишуваа српските медиуми.

Меѓутоа, сега работите се сосема поинакви. Очигледно дека ЈК и Сека се во одлични односи.

– Имам одлично мислење за ЈК. Сè најдобро. Мислам дека е исклучително добра личност и тоа досега го покажала низ многу ситуации. Имавме можност да видиме некои колешки кои ѝ замеруваа за што било и кога ќе кажеа нешто лошо за неа, таа тоа секогаш го простуваше и секогаш помагаше. Некако, за жал, од сите на кои им помогнала, повторно добила нож во грб. Грубо е да се каже така, но таа не доби добар камбек. Мислам дека таа е вистинска лавица. Знам и дека е Лав во хороскоп, а околу себе имам неколку Лавови и знам како тоа изгледа со Лавовите. Јелена е исклучително борбена и мислам дека е многу искрена, што за жал, денес е многу тешко кај луѓето. Таа е искрен и добар човек – ја пофалила Сека колешката во хрватските медиуми.

И кога Јелена неодамна имаше „судир“ со помладите колеги од моментално популарната музика, Сека застана на нејзина страна, изјавувајќи дека истите тие изведувачи треба да имаат почит кон Јелена, која зад себе има ваква и толку долга кариера.

– Сека е голема госпоѓа! Така тоа го прават колегите кои траат повеќе од 20 години. Колегијално, ферплеј и што е најважно здрав разум, затоа што некој кој не постои, кој не знаеме што пее или како изгледа, не може да се обраќа, а камоли да се споредува со некој кој трае две или три децении и има милионска публика и голема кариера. Тука малку се нарушија правилата на игра – изјавила Јелена за српски „Телеграф“ и додала:

– Тие „јогурт“ деца треба да сфатат дека ќе траат колку оваа моја изјава, до утре нема да ги има. Сека, која е секогаш гласна за тоа, секогаш ќе ја поддржувам, бидејќи квалитетот е она што трае. Мора да се каже јасно и гласно. Оваа боранија мора да се исчисти – истакнала Јелена Карлеуша.

А, дека Јелена и Сека сега се во одлични односи покажува и видеоснимката која штотуку е снимена, а на која се гледа како пејачките пристигнуваат заедно во Тиват, од каде Алексиќ ќе отпатува за Требиње на настап.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SCANDAL! (@scandaltabloid)

 

Слични објави

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova
Се вчитува....