13:49 - 27 ноември, 2026

(Видео) Раскрвавена, луѓето врескале: Познатата хрватска инфлуенсерка ја касна ајкула на Малдиви

Хрватската инфлуенсерката Ела Јерковиќ (28) неодамна доживеала драматичен инцидент на луксузниот одмор на Малдиви кога ја каснала ајкула.Имено, за овој настан проговори нејзината колешка Нера Николиќ во видео кое го објавина ТикТок, покажувајки кадри од повредената рака на Ела.

 

@nera_nikolic Replying to @lenka🍓 ♬ Lepotica i zver – Dabi Man


„Се најдовме на едно од највозбудливите патувања. Овие ајкули обично не напаѓаат луѓе и се хранат со риби и лигњи. Ни беа дадени строги упатства за однесување, како да не им ставаме прсти во уста или да ги провоцираме. Околу нив пливавме три часа, а бидејќи некој постојано скокаше, можно е да сме ги вознемириле, што доведе до инцидентот. Девојката која беше касната од ајкулата не го почувствува каснувањето додека беше во морето. Меѓутоа, кога почна да се качува на бродот, забележавме крвава рака, а нејзината реакција беше ‘Само не кажувајте на мојот пријател дека ова се случи’“, објаснила Нера.

„Останатите почнавме да врескаме, бидејќи да ми се случеше тоа, сигурно ќе бев во шок“, додала Нера, заедно со видеото на кое се гледа во каква состојба е раката на Ела по каснувањето.

Откако Нера Николиќ го објави видео од Малдивите, Ела потврди дека се работи за неа и објави видео од нејзиното пливање со ајкули на својот инстаграм-профил.

„Гриц“, напиша Ела на видеото, на кое се гледа како плива со маска за нуркање опкружена со ајкули.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ela Jerković (@elaajerkovic)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ela Jerković (@elaajerkovic)

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....