10.8 C
Скопје
01:43 - 4 април, 2026

(Видео) Првото јавно појавување на Марија Шерифовиќ пред 26 години, еве како изгледала пејачката тогаш

Instagram

Српската пејачка Марија Шерифовиќ првпат се појави во јавноста на ТВ Пинк во 1998 година. Таа гостуваше кај нејзината мајка Верица Шерифовиќ и заедно го отпеаја хитот на познатата група „Сунцокрети“ – „Моје бубе”.

Мајката и ќерката првпат ги вкрстија гласовите и заедно настапија пред телевизиските гледачи.

Марија тогаш имала 14 години. Таа била осмо одделение, но ги покажала своите гласовни способности. По тој повод носела патики, фармерки, маичка над која облекла кошула. Интересно, таа остана доследна на својот стил до ден-денес.

Нејзината мајка во таа прилика исто така била во опуштено издание и јасно се гледа дека била згодна и природно убава жена.

Оттогаш Марија е честа гостинка во емисиите и се‘ почесто ги покажува своите вокални способности. Публиката се заљуби во нејзината непосредност, а хитовите кои ги објавуваше во соработка со композитори и текстописци постојано се нижеа.

Шерифовиќ од самиот почеток покажа дека нејзиниот моќен глас и талент се нејзиниот најголем адут.

Верица и Марија се поддржуваат и во добри и во лоши моменти. Марија стана родител на почетокот на декември минатата година и секојдневно покажува колку ѝ е важна таа улога.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....