14:21 - 21 ноември, 2026

(Видео) Познатиот босански актер доживеал драма, завршил во полиција во Австрија

Босанскиот актер Енис Бешлагиќ (49) открил дека завршил во полиција во Австрија. Актерот во моментот ја изведува својата прва независна претстава „Да сум јас некој“ во Линц, а на социјалните мрежи открил дека доживеал инцидент во градот.

Тој на Инстаграм објави видео со едноставен натпис дека завршиле во полиција. Како што објаснил во видеото, тој и неговиот пријател завршиле во полициска станица бидејќи некој им ги оштетил автомобилите.

 


„Некој ја исекол регистерската табличка на Алмир, а мене ретровизорот. Претпоставувам дека им пречело каде се паркиравме или тоа што има знак БиХ“, објаснува Бешлагиќ во видеото. Потоа излегол на паркингот покрај станицата за да им ја покаже штетата на присутните.

Актерот се пошегувал дека сторителите биле „педантни господа“ додека ја предизвикувале штетата, покажувајќи како уредно била исечена регистарската табличка, а не искорната. Меѓутоа, тој се пожалил дека не знае што да прави сега затоа што поради претставата, со пријателот мора да го продолжи патувањето.

Набргу потоа, Бешлагиќ објавил уште едно видео, во кое објаснува што им рекле во станицата. Според него, полицајците им дозволиле да ја напуштат Австрија со автомобилот и да возат кон Босна и Херцеговина, а ако сакаат со претставата да возат низ Европската унија, мора да изнајмат друго возило.

 

Слични објави

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.
Се вчитува....