15:33 - 13 ноември, 2026

(Видео) Поранешниот на Џејла Рамовиќ во прегратка со Милица Павловиќ во Љубљана! Не се одвојувале еден од друг

По неколку дена поминати во Мадрид, каде што уживала во шопингот, луксузните ресторани, обиколката на градот и концертот на пејачката Шакира, српската пејачка Милица Павловиќ не останала долго на едно место.

Од аеродромот во Мадрид, таа слетала директно во Загреб, каде што ја чекал возачот, а оттаму се упатила кон Љубљана.

Причината за промена на дестинацијата била посебна – Милица сакала да ги испочитува своите колеги Јала Брат и Буба Корели, кои одржале голем концерт во Арената Стожице.

Милица го следела концертот од ВИП сепаре, од каде што имала можност да ужива во спектаклот, но и да ги поддржи своите колеги. Нејзиното појавување не останало незабележан, особено имајќи предвид дека таа била во друга земја само неколку часа претходно.

Како што дознава српски „Телеграф“, пејачката пристигнала во Љубљана без голема помпа, а само организаторите на овој концерт знаеле дека таа ќе се појави заедно со своите пријатели.

Обожавателите на популарното дуо ја препознале Милица, па неколкупати ѝ приоѓале за да се фотографираат со неа, а посебно внимание привлекла средбата со пејачот и актер Бојан Цвјетиќанин, кој беше во врска со босанската пејачка Џејла Рамовиќ.

Како што тврди извор од местото на настанот, Милица и Бојан цело време танцувале, се смееле и разговарале, а многумина коментирале дека меѓу нив се чини дека има нешто повеќе од другарство и колегијалност.

Видеата што се шират на социјалните мрежи Икс и Инстаграм, а кои очигледно ги направиле обожавателите на концертот, покажуваат дека им се допаѓа идејата Милица и Бојан да бидат заедно.

Она што е особено интересно е што фронтменот на бендот „Џокер аут“ објави видео на својот инстаграм-профил на кое може да се види како се забавува со Павловиќ, па ова дополнително ги разгоре гласините.

Бојан Цвјетиќанин е словенечки пејач и актер, најпознат како фронтмен на рок-групата „Џокер аут“. Роден е во Љубљана, а по потекло е од Босна и Херцеговина. Во 2023 година ја претставуваше Словенија со својот бенд на „Евровизија“ во Ливерпул со песната „Carpe Diem“, каде што го освоија 21-то место.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....