-4.2 C
Скопје
04:15 - 24 ноември, 2024

(Видео) Петте најпознати песни на Тото Кутуњо: „Треба да се допре до срцето на човекот“

Во едно интервју Кутуњо свевремено призна дека речиси сите песни ги пишувал на плажа, а многу често и кога бил сосема сам со гитара во рацете.

На 22 август 2023 година, на 81-годишна возраст, почина легендарниот италијански пејач, композитор и ТВ водител Тото Кутуњо, на чии песни пораснаа неколку генерации. Невозможно е да не се препознае неговиот мек глас со мала засипнатост меѓу стотици други, а композициите изведени од него станаа безвременски хитови. Ова се пет најпознати песни на уметникот.

Соло нои („Само ние“)

Песната Solo noi е билет на Кутуњо за големата сцена, по што интернационалната музичка сцена почна да зборува за него како талентиран изведувач. За прв пат беше претставена на јавноста на 7 февруари 1980 година. Ја опишува романтичната врска помеѓу главниот лик и неговата партнерка. Девојката му вели дека тој и е се, а протагонистот ја изразува својата љубов кон неа и дека не може да поднесе да се одвои од неа.

Со оваа песна Тото Кутуњо настапи на Санремо во 1980 година. Нежно соло на пијано, трогателна душевна мелодија во комбинација со длабок баритон. Ваквиот настап никого не можеше да остави рамнодушен, а песната му донесе победа и прва слава на младиот изведувач. Песната го одведе на второто место на националните топ листи и стана еден од првите дваесет најпродавани синглови во 1980 година.

Инаморати („Вљубни“)

Инаморати ја напиша Тото Кутуњо во 1980 година и ја изведе на Фестивалбар. Ова е љубовна песна за тоа колку е среќно да се биде заљубен. Текстот ја опишува целата палета на чувства на двајца луѓе кои се длабоко заљубени. Песната ја опишува страста на жената кон мажот. Не поднесува да биде сама, постојано му се јавува и постојано размислува на него. Авторот ја нарекува „innamorata“, што значи „заљубена“ или „маѓепсана“. Повторувањето на овој збор го нагласува интензитетот на нејзините чувства.

Дона, Дона Миа („Мојата жена“)

Во оваа песна, херојот пее за својата девојка, опишувајќи ја како чудна, но шармантна. Тој ја замолува да не биде тажна, бидејќи нивната врска се уште не е завршена и ја уверува дека таа не е само авантура за него, туку онаа што ја сака и сака да ја задржи засекогаш во својот живот. „Мислам дека една лирска песна треба да допре до срцето на човекот. Љубовта е едно од најубавите човечки чувства. Можеш да кажеш толку многу за неа што нема да бидат доволни ниту 2000 години. Ако ја отстраниш љубовта од животот, тој ќе го загуби своето значење.Ова е повеќеслојно чувство: љубов кон жената, пријателот, татковината, природата, животните.Никогаш не треба да се заборави на романтичниот аспект на животот. На Земјата ќе преживее само тој народ и нација што го задржува романтизмот. “, рече Кутуњо, објаснувајќи ја трогателната моќ на неговите љубовни песни.

Италијано (Италијанец)

L’italiano е композиција која остава белег на талентиран композитор и текстописец. Песната L’Italiano се нарекува љубовна химна на Италија. Напишана е од Тото Кутуњо и Кристијано „Попи“ Минелоно во 1981 година и првично беше наменета за пејачот и актер Адријано Челентано. Но, тој одбил да ја изведе, сметајќи дека е несоодветна за него.

Во 1983 година, Тото дојде на сцената во Сан Ремо со оваа песна. Ова беше негов четврти сценски настап, каде три години претходно победи со „Соло нои“.

Официјално, песната го зазеде само петтото место, но според резултатите од гласањето на народот, таа стана неприкосновен победник. Цели 13 недели, композицијата ги држеше првите места на топ листите на Франција, Италија, Швајцарија, како и високи позиции во други земји. Оттогаш поминаа 40 години, но и денес се смета за една од најпознатите италијански песни во светот.

Серената („Серенада“)

Серената е класика која ги допре срцата на љубителите на музиката ширум светот. Издадена во 1984 година, оваа италијанска балада ја воодушеви публиката со искрениот текст и хипнотизирачката мелодија. Тото Кутуњо, кого често го нарекуваат „италијанскиот Елвис“, уште еднаш потврди дека не само што е талентиран пејач, туку знае и да пишува композиции кои допираат до душа.

Песната ја раскажува приказната за изгубената љубов, копнежот и слатките спомени кои остануваат во срцето. Комбинацијата на длабоките стихови на Кутуњо и неговата исклучителна музичка уметност создадоа ремек дело кое, како и L’italiano, го издржа тестот на времето.

Серената беше инспирирана од личните искуства и набљудувања на Тото Кутуњо. Таа се потпира на универзалната тема за изгубената љубов и чувствата што доаѓаат со неа. Кутуњо во различни интервјуа спомна дека песната е инспирирана од врска која имала траен ефект врз него.

Кутуњо ја пееше Серената на бројни концерти и музички настани низ светот. Еден од најзабележителните настапи беше на Изборот за песна на Евровизија во 1984 година, каде Кутуњо ја претставуваше Италија.

Со текот на годините, различни уметници ја преработуваа и изведуваа Серената во знак на почит на музичкиот гениј Тото Кутуњо. Од италијански музичари до светски ѕвезди, оваа песна е повторно измислена на многу различни јазици и стилови, демонстрирајќи ја нејзината сестраност.

 

Слични објави

Познатата српска пејачка се пофали со богатството: Син ми на 5 години има стан во Дубаи, а мојот во Србија вреди 300.000 евра

Еспресо

Станија живее раскошно во Мајами: Старлетата се почестила со џип и луксузен стан, за кои потрошила 825.000 долари!

Еспресо

Неверојатна сума: Крунисувањето на кралот Чарлс Трети чинело повеќе од 70 милиони фунти!

Еспресо

(Фото) Хрватскиот актер ужива во друштвото на поранешната девојка на Леонардо Дикаприо

Еспресо

(Фото+видео) Александра Пријовиќ ги прошета „пантерите“ од 50.000 евра! Пејачката на славата кај Брена и Боба носи луксузен накит од „Картие“

Еспресо

Хороскоп за 23 ноември: Скорпиите ќе добијат неочекувани пари, Близнаците ќе имаат ситни проблеми со партнерот

Еспресо
Се вчитува....