11.8 C
Скопје
11:10 - 28 март, 2026

(ВИДЕО) Осумте внуци бдееја покрај ковчегот на кралицата Елизабета: Дел од толпата се расплакал откако разговарале со Вилијам

Во саботата, принцовите Вилијам и Хари присуствуваа на бдеењето покрај ковчегот на нивната баба кралицата Елизабета Втора, покрај кој помина долга низа граѓани.

Синовите на кралот Чарлс III, облечени во воени униформи, 15 минути бдеја покрај ковчегот во огромната Вестминстерска сала, каде што ковчегот е изложен од средата, покриен со знаме со кралската круна.

На Вилијам и Хари им се придружија шест братучеди, меѓу кои и принцезите Беатрис и Јуџин, ќерките на принцот Ендру. Со нив беа Питер Филипс и Зара Тиндал, децата на принцезата Ана и Луиз и Џејмс, децата на принцот Едвард.

Медиумите пренесуваат дека Вилијам ги прашал колку време чекаат и дали им е ладно. Некои дури и се расплакале откако разговарале со него, а една жена му рекла дека „еден ден ќе биде брилијантен крал“.

Полицијата изјави дека безбедноста на погребот ќе биде поголема од безбедноста на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. На погребот се очекуваат околу неколку илјади луѓе, вклучително и неколку стотици лидери од целиот свет и членови на различни монархии.

Граѓаните ќе можат да и оддадат почит на кралицата до понеделник, 19 септември, во шест часот наутро пред државниот погреб, кој ќе се одржи во блиската Вестминстерска опатија.

Новиот крал Чарлс III го прогласи 19 септември за државен празник во Велика Британија.

Слични објави

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.
Се вчитува....