18:10 - 13 ноември, 2026

(Видео) Наводното момче на Тејлор Свифт, Мети Хили, се бакнува со маж: Видеото ги збуни фановите на пејачката 

Новото момче со кое се поврзува Тејлор Свифт, колегата Мети Хили штотуку бил виден како се бакнува со маж од обезбедувањето за време на петочниот концерт на неговиот бенд The 1975 во Данска.

принтскрин

Додека Хили ја пеел „Robbers“ на фестивалот Нортсајд во Архус, е приближил до момчето од обезбедувањето и се бакнале.

Откако се случил првиот бакнеж, Мети Хили се вратил повторно по втор бакнеж.

Видеото од бакнежите стана вирално и додека некои фанови на пејачката останаа во шок, други се сигурни дека тоа е само дел од сценариото на настапот. Имено, за време на изведба токму на таа песна, Мет на сите концерти ја користи можноста да бакнува случајни непознати лица како дел од настапот.

Тејлор Свифт неодамна се најде на насловните страници откако ја прекина врската со поранешното момче Џо Алвин со кој се забавуваше речиси 7 години, но дошло до „природен“ крај според инсајдерот – „Тие зборуваа за брак, но Тејлор не сакаше да биде врзана“.

Според изворите, Хили и неговиот бенд The 1975 соработувале со Тејлор на албумот Midnights, но нивната соработка не успеала да влезе во конечната листа на песни на албумот. Сепак, двајцата музичари поминале многу време заедно во студиото, се зближиле и, според гласините, сега се во љубовна романса.

 

 

Слични објави

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо
Се вчитува....