14:06 - 15 февруари, 2026

(Видео) На пејачката на „Магазин“ ѝ се слоши на сред концерт: Една жена од публиката се качи на сцената и запеа место неа

Групата „Магазин“ викендов настапи во Марија Бистрица како дел од програмата Адвент. Настапот беше закажан за 21 декември, но беше одложен поради трагедијата што се случи во основното училиште во Пречко. Новата пејачка на групата, Лорена Буќан настапи болно и со висока температура.

На Лорена во еден момент ѝ се слоши и извесен период ја напушти сцената. Една песна ја испеа клавијатуристот на бендот, но потоа на сцената излезе млада жена од публиката и му понуди на бендот да пее наместо Лорена.

@hrvoje_debeljak Loreni je pozlilo (pjevala s temperaturom 38,5), a spas je bila učiteljica Helena iz publike koja se bavi pjevanjem #magazin #lorenabucan #helenagalovac #marijabistrica ♬ original sound – hrvoje_debeljak

Станува збор за Хелена Галовац, наставничка од Коњшчина и вокал на групата „Rusty Groove“. Таа отпеа неколку песни, а снимките се проширија на ТикТок.

Луѓето беа воодушевени од пеењето на Хелена. „Одлична е“, „Многу добра“, „Браво Хелена“, „Голема почит“, „Кралица“, се дел од коментарите.

Откако Хелена изведе неколку песни, Лорена се врати на сцената и го заврши концертот.

Слични објави

(Видео) Познатите го прославија Денот на вљубените со Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ – Емина Јаховиќ пристигна последна

Еспресо

(Фото) По операција на носот во Турција, момчето ѝ приреди незаборавно изненадување на Нина Џогани

Еспресо

Ова е сестра на Гога Секулиќ: Јавноста по прв пат има прилика да ја види на најтажниот ден за семејството

Е.А.

Погребана мајката на Гога Секулиќ, поранешниот сопруг не се одвојува од неа

Еспресо

(Фото) Станија покажа како ужива со новото момче на Бахамите: По Асмин – повторно блеска!

Еспресо

(Видео) Се соблече во костим за капење среде зима: Сека Алексиќ знае како да ужива во Дубаи

Еспресо
Се вчитува....