08:59 - 4 април, 2026

(Видео) „Мојата Тина Тарнер“: Дино Мерлин и Весна Змијанац ја расплакаа публиката во белградска Арена

Пејачката Весна Змијанац беше специјална гостинка на четвртиот концерт на Дино Мерлин во Белград, во арената Штарк.

По долго време заедно го изведоа еден од најубавите дуети на сите времиња „Кад замиришу јорговани“.

Публиката ја поздрави Змијанац со неверојатни овации.

„Дами и господа, мојата Тина Тарнер, Весна Змијанац“, изјави Мерлин, по што следеше неколкуминутен аплауз од публиката.

@alo_portal Ovo se čekalo! Vesna Zmijanac je specijalni gost na četvrtom koncertu Dina Merlina, publika je pozdravila gromoglasnim aplauzom! #alo #alonovine #alodnevnenovine #fypシ #fypシ゚viral #foryou #dinomerlin #vesnazmijanac ♬ original sound – Alo_portal

На крајот од песната Мерлин силно ја прегрна и бакна Весна, а по настапот, синот на Мерлин, Хамза, кој очигледно има голема почит кон колешката на својот татко, ја пречека Весна и ја испрати по скалите.

Дино Мерлин распродаде четири Арени со брзина на светлината , а оваа вечер беше неговиот последен концерт за оваа година.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....