14:30 - 3 април, 2026

(Видео) Метју Меконахи го прослави Божиќ во дуксер со српско знаме: Воодушевените обожаватели веднаш го забележаа ова

Несекојдневна ситуација се случила во домот на семејството на холивудската ѕвезда Метју Меконахи, во текот на подготовките за Бадник според грегоријанскиот календар, 24 декември, откако познатиот актер облекол дуксер со српското знаме.

Неговата сопруга Камила Меконахи на својот инстаграм профил објави како таа и нејзиниот сопруг подготвуваат вечера.

Тоа не би било чудно ако Метју Меконахи не бил облечен во дуксер со српското знаме. Поточно дуксерот на женската тениска репрезентација на Србија. Под грбот пишува ДВ, што значи дека се работи за дуксер кој го носи селекторот на српската женска репрезентација Душан Вемиќ.

 


„Бадник… прославивме со бразилска традиција! Иако пилешкото Строганоф не е традиционална бразилска бадникова храна, тоа е сè што бараат моите деца!! Сега стана традиција на семејството Алвес-Меконахи! Знам дека ќе прашате, но извинете што немам фотографии или видеа од поставувањето на масата, бев премногу присутна со нашето семејство и молитви за благодарност на масата. Американска традиција на божиќното утро. Среќен Божиќ! Се надевам дека имате благословен Божиќ исполнет со благодарност“, навела, меѓу другото, Камила Меконахи, која е од Бразил.

„Дали Новак му го подарил дуксерот?“, „Среќен Божиќ“, „Србија! Браво“, се само дел од коментарите под објавата.

Не е ни чудо што Метју Меконахи облекол дуксер со српското знаме, бидејќи во минатото во неколку наврати и во публиката и преку социјалните мрежи го поддржуваше српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ.

 

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....