5.8 C
Скопје
01:22 - 21 февруари, 2026

(Видео) Марија Шерифовиќ објави песна посветена на нејзиниот син: Ја напишав додека те чекав и сонував

Српската пејачка Марија Шерифовиќ денеска претстави песна која му ја посвети на својот новороден син.

Таа неодамна објави дека го доби синот Марио со помош на сурогат-мајка и објасни дека целиот процес бил спроведен во Америка, каде што сè уште е со своето бебе.

Пејачката му ја посвети песната со наслов „Долази љубав“ на синот Марио, која ја најави со емотивна порака на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

„Мојот спокој доби лице, а моето срце сега има безбедно засолниште. Музиката отсекогаш ми била единствениот начин да се објаснам, да споделам парче од мојата душа. Му ја напишав песната ‘Долази љубав’, додека го чекав и сонував. Затоа денес ја споделувам со сите вас, за со него да сонувате за сите оние кои ви носат љубов и мир. Мојата љубов дојде – нејзиното име е Марио. Сине мој, ова е првиот подарок за тебе“, напиша Марија на својот Инстаграм профил.

Песната „Долази љубав“ е воедно и последната песна од истоимениот албум кој беше објавен пред два месеци и со бројот на прегледи комплетно го освои регионот каде со недели беше на самиот врв.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....