14.8 C
Скопје
02:00 - 23 октомври, 2026

(Видео) Марија Шерифовиќ: Мразам поделби, баба ми се молеше на Исус, а дедо ми беше муслиман

Во најавата на емисијата „Пусти бриго“, која се емитува на телевизија Курир, Марија Шерифовиќ проговори за националноста и религијата, велејќи дека „презира секаква поделеност“.

На социјалните мрежи беше споделен клип во кој зборува за поделби по националност и религија.

„Пред сѐ, презирам секакви поделби“, вели Марија во најавниот клип на емисијата објавена на ТикТок. Таа потоа додаде дека ги презира сите поделби „на нации, религии, верувања“.

@r.petronijevic_ Kurir televizija, emisija Pusti brigu, nedelja, 03.12. u 17:10h. #kurirtelevizija #marijaserifovic #pustibrugu #srbija #beograd #fyp #viralvideo #balkan @Marija Serifovic @ljiljanastanisic @SaskoNikolic @Anastasija Rilak ♬ original sound – Petronijevic Ruzica

“Зошто? Па, затоа што, на пример, баба ми се викаше Драгиња, родена во Шумадија – во Крагуевац. Таа му се молеше на Исус Христос, а дедо ми беше муслиман и тој се поклонуваше, му се молеше на Алах. И така натаму”, рече таа.

Таа објасни како е воспитана воопшто да не ги дели луѓето, велејќи: „Можам само да делам – или си добар или си ѓубре“.

„Ако не сакаме да ги обединиме сите овие луѓе и ако музиката не е таа што треба да не обедини сите нас кои сме максимално ‘експлоатирани’ на овој Балкан, тогаш не знам кој ќе ги обедини сите овие луѓе“, заклучи таа.

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....