16:53 - 4 април, 2026

(Видео) Куќната помошничка направила хаос кај Лепа Брена: Влетала на славата, паднала во транс и танцувала во влечки

Пејачката Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ го прославија Аранѓеловдeн, односно Свети Архангел Михаил, а како и секоја година на тој ден нивниот дом беше преполн со гости. Драган Стојковиќ Пикси меѓу првите пристигнал на прославата на Лепа Брена и Боба. Дојде со сопругата Снежана, како и Горан Кариќ, еден од најбогатите Срби и сопругата Ивана Мишковиќ. Меѓу гостите биле Ацо Пејовиќ, Рада Раденковиќ, композиторот Драган Брајовиќ Браја и многу други членови на српскиот џет-сет.

Прославата траела до раните утрински часови, а снаата на Брена, Александра Пријовиќ споделила неколку моменти од прославата на својот Инстаграм.

Прија со јавноста го споделила моментот кога Брена од срце го пеала својот голем хит „Uđi slobodno“, по што следел најемотивниот момент во целата вечер. Имено, и Ацо Пејовиќ го зел микрофонот в раце, па за гостите на Брена и Боба ја испеал својата, според многумина, најтрогателна балада „Сè ти должам“ (Sve ti dugujem).

Во одреден момент микрофонот го зела и пејачката Сања Ѓорѓевиќ, која направи хаос, а на една од снимките се гледа како куќната помошничка на Брена танцувала во влечки. Сите беа воодушевени што и таа се појавила на прославата, а Сања извикнувала: „Браво Емина, ајдеее Емина“…

Слични објави

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо
Се вчитува....