Сплитската пејачка на настапот во Нови Сад се појавила во необичен дизајнерски фустан со висок шлиц, а нејзината модна комбинација привлекла речиси исто внимание како и самиот настап.
Јелена Розга веќе со години е позната по елегантните и внимателно одбрани модни комбинации, но за последниот настап во Нови Сад се одлучила за нешто многу посмело. Популарната хрватска пејачка се појавила во тесен фустан со необичен дезен и модел. Фустанот паѓал само по должина на едната нога, додека на другата нога бил во форма на боди. Видеото од нејзиниот настап набрзо привлече внимание на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Станува збор за долг фустан кој ја следи линијата на телото, но има асиметричен крој. Особено се истакнува моментот кој ја открива целата страна поради што обожавателите се запрашале дали Јелена Розга носела долна облека под фустанот.
Фустанот е креација на латвискиот моден бренд „Кета Гутман“, познат по необичните графички дезени, тесни силуети и парчиња облека што си играат со оптички илузии. Според пишувањето на „Слободна Далмација“, цената на креацијата што ја избрала Розга е околу 350 евра.
Видеото од настапот го споделија на Инстаграм „СоХа Барс и Ресторани“ во Нови Сад, а изданието на пејачката брзо стана тема на разговор.
Ова не е првпат Розга да избира креации од истиот бренд. Во текот на минатогодишните настапи, таа ги носеше нивните впечатливи таканаречени фустани со влажен изглед, во црвена, жолта и розова боја, кои создаваа впечаток на ткаенина што се лепи за телото.
Брендот „Кета Гутман“ е основан во 2014 година од дизајнерите Кета Гутман и Кристс Занковски. Нивните колекции комбинираат класични кроеви со експериментални шари, растегливи материјали и современ дизајнерски пристап.
Со овој настап, Розга се оддалечи од своите вообичаени романтични и елегантни изданија, покажувајќи дека не се плаши од модни експерименти. А судејќи според вниманието што го предизвика нејзиниот фустан, изборот сигурно го постигна посакуваниот ефект.
