08:58 - 13 ноември, 2026

„Хранам галеб, гулаби и и мачка двапати дневно“: Дорис Драговиќ за приватниот живот

Музичката дива Дорис Драговиќ во искрено интервју за хрватските медиуми откри како ги минува деновите кога не е на сцената и како изгледа нејзиното секојдневие подалеку од гламурот.

Додека публиката е навикната да ја гледа во раскошни фустани и елегантни изданија, пејачката приватниот живот го минува сосема опуштено — во тренерки, патики и без шминка. Сепак, нејзиното секојдневие е сè освен досадно:

„Имам млади луѓе на кои можеби им е потребна мојата професионална помош, па имам и ученици. Постојано имаме некои часови, договори и разговори. Двапати дневно хранам еден галеб, гулаби и една мачка, така што кај мене е секогаш динамично“, раскажа Дорис за емисијата „Ин магазин“.

Пејачката се осврна и на длабоката поврзаност што публиката ја чувствува со нејзините песни. Со насмевка се присети на ситуација од концерт кога забележала момче во публиката со маичка на која пишувало: „Понекогаш ми се чини дека единствено Дорис Драговиќ ме разбира“.

„Толку многу почнав да се смеам што застанав среде песна. Можеби тоа се должи на песните кои раскажуваат вистински приказни, за што пред сè е заслужна Вјекослава Хуљиќ, но и сите останати автори. Текстовите зборуваат за секојдневни теми, па на луѓето можеби им се чини дека ги разбирам додека пеам за детали од нивните животи“, истакна таа.

Инаку, Дорис Драговиќ следната година подготвува голем јубилеен концерт во загрепската Арена, со кој ќе одбележи импресивни 45 години успешна музичка кариера.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....