11:56 - 31 март, 2026

(Видео) Изненадување! Кралицата Елизабета се појави на балконот и ја поздрави толпата на крајот на парадата; облечена во јаболко-зелена нијанса

Кралицата Елизабета, облечена во палто и со шапка во ист тон – светло зелена (јаболко) нијанса на  „изненадување“ се појави на балконот на Бакингемската палата на крајот од парадата во нејзина чест со која по четири дена се затвораат јавните прослави на платинестиот јубилеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC (@bbc)

Со прославите се славеа 70 години од владеењето на кралицата, период на владеење кој никогаш не го достигнал ниеден монарх во вековната историја на британската монархија.

Елизабета излезе на неколку секунди на балконот со престолонаследникот Чарлс и неговата сопруга Камила, принцот Вилијам, втор по ред, со сопругата Кејт и трите деца Џорџ, Луис и Шарлот. Додека кралското семејство мавташе, толпата ја пееше националната химна „Боже, чувај ја кралицата“.

Непосредно пред тоа, знамето беше подигнато за да го означи присуството на кралицата во палатата.

Пред влезот на Бакингемската палата, шоуто кулминираше на сцената каде што – непосредно пред излегувањето на балконот – поп ѕвездата Ед Ширан настапи со возбудлива верзија на неговиот хит „Пефект“, посветена на нејзиното височество.

Како што веќе се случи по повод Златниот јубилеј во 2009 година и дијамантскиот јубилеј во 2012 година, граѓаните го организираа „Големиот јубилеен ручек“, на кој присуствуваа и членовите на кралското семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clarence House (@clarencehouse)

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....